Фибролеб и шеќерот во крвта – што можеш да направиш денес за да спречиш дијабет утре?

Дијабет

12.08.2025

Полнозрнестите житарки се повеќе од здрава навика – тие можат да бидат и превентивна алатка против дијабет тип 2.

Токму затоа, Фибролеб – леб од 100% полнозрнести житарки, главно ‘рж и пченица, со додаден псилиум и кисело тесто – е создаден да им служи на луѓето кои сакаат да се грижат за своето здравје навреме.

Зошто се важни полнозрнестите житарки?

За разлика од рафинираните, полнозрнестите житарки ги задржуваат сите делови од зрното – лушпата, никулецот и ендоспермот – кои се богати со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти.
Тие се споро сварливи и помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, даваат чувство на ситост и ја подобруваат инсулинската сензитивност.

Рафинираните брашна, пак, се сиромашни со хранливи материи и предизвикуваат брзи скокови на шеќерот – токму она што треба да се избегнува при предијабет или зголемен ризик од дијабетес.

Што вели науката?

Во голема студија спроведена со над 55.000 испитаници, редовниот внес на полнозрнести житарки бил поврзан со 11% помал ризик од дијабет тип 2 кај мажи и 7% кај жени.
Особено позитивни резултати дале житарки како ‘ржта, овесот и пченицата – токму оние што ги содржи Фибролебот.

Најдобри резултати биле забележани кај оние кои секојдневно јаделе:

  • 1 парче интегрален леб
  • ½ чаша овес
  • или слична количина интегрален ориз или просо

Исто така, од клучно значење било да се намали внесот на бели пецива, тестенини од рафинирано брашно и шеќер.

Зошто Фибролеб е вистинскиот избор?

Фибролебот комбинира:

  • Полнозрнеста ‘рж (над 50%) и пченица
  • Кисело тесто – за полесна дигестија и подобра апсорпција
  • Псилиум – растително влакно со докажано позитивно влијание на шеќерот во крвта

Без додадени шеќери, без компромиси, само нутритивно богата основа за твојот ден. Фибролебот не само што е вкусен, туку и поддржува здрава гликемиска контрола.


Запомни: Малите избори денес можат да спречат големи здравствени проблеми утре.
Со Фибролеб на трпезата – правиш вистински чекор кон превенција од дијабетес тип 2.