Сакаш да слабееш здраво? Почни со вистински леб – почни со Фибролеб

Слабеење

12.08.2025

Кога ќе решиме да слабееме, обично прво се фокусираме на калориите. Но вистинскиот пристап не е само во тоа „колку“, туку и во тоа „што“ јадеме. Квалитетот на храната е подеднакво важен како и количината – а токму тука полнозрнестите житарки играат клучна улога.

Фибролебот е леб подготвен со 100% полнозрнести житарки, главно ‘рж (над 50%) и пченица, без рафинирани брашна, и збогатен со псилиум – растително влакно што помага во варењето. Ова го прави одличен избор за секој што сака да слабеe на природен и здрав начин.

Како полнозрнестите житарки помагаат при слабеење?

За разлика од рафинираните, полнозрнестите житарки го содржат целото зрно – лушпа, никулец и ендосперм – со сите хранливи материи: растителни влакна, витамини од Б групата, здрави масти, минерали и антиоксиданти.

Токму влакната се еден од клучните фактори за слабеење:

  • даваат подолго чувство на ситост,
  • ја успоруваат дигестијата,
  • го стабилизираат шеќерот во крвта,
  • ја намалуваат потребата за чести ужинки.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно јадат полнозрнести производи имаат помал обем на стомакот, подобра регулација на шеќерот и холестеролот во крвта, и подобра телесна тежина во долг рок.

Во една студија спроведена во период од 18 години, луѓето кои јаделе барем три порции полнозрнести житарки дневно имале речиси 2.5 пати помал пораст на обемот на стомакот од оние кои ретко ги консумирале.

Фибролеб – паметен избор за здрав оброк

Фибролебот не е само интегрален леб – тој е природен продукт направен без компромиси.

  • Без вештачки додатоци и бои
  • Без „лажно интегрални“ брашна
  • Со ферментација од кисело тесто
  • Со псилиум за дополнителни влакна

Истовремено е вкусен, заситува и е лесно сварлив. Благодарение на богатата содржина на растителни влакна, помага да јадеш помалку – а да се чувствуваш позаситено.

Заклучок

Слабеењето не мора да значи лишување. Напротив – може да започне со еден паметен избор. Избери леб што е направен од вистински житарки. Избери Фибролеб – твој сојузник за поздрава тежина и подобра исхрана.