За Нас

ФИБРОЛЕБ – Жива традиција за здрава нација

За нас, задржувањето на традицијата не е само вредност – туку и начин на живот. Веруваме дека нашите предци биле мудри и јасно знаеле што значи вистинска, вкусна и здрава храна. Од таа филозофија произлегува ФИБРОЛЕБ – леб создаден по старинска метода, но во служба на современото здравје.

ФИБРОЛЕБОТ се прави од локално, воденично мелено полнозрнесто брашно, замесен e
со бунарска вода и домашна маја
, а се пече на дрва. Целиот процес – од мешањето на
тестото до испечениот леб – трае цели два дена.

ФИБРОЛЕБОТ е традиционален македонски ‘ржано-пченичен леб добиен од кисело тесто. Нашата уникатна рецептура вклучува внимателно додавање на псилиум (индиски тегавец) – природни растителни влакна со бројни здравствени придобивки. Оваа комбинација резултира со еден од нутритивно најбогатите, а воедно и највкусни лебови достапни на пазарот.

Придобивките за нашето здравје од секојдневното консумирање на ФИБРОЛЕБОТ се бројни, почнувајќи од хранливата вредност, која е супериорна поради брашното од 100% цело зрно. Текстурата и вкусот се особено значајни за нас. Прецизното додавање на тегавец и домашна маја во ‘ржаното брашно од мајсторите води кон добивање леб со богат вкус, но и помек леб со ,,одземени” калории!

ФИБРОЛЕБ е идеален за секојдневна употреба за целата популација, а особено за луѓето
со проблеми со метаболен синдром (хипертензија, маснотии, холестерол, шеќер..), оние
што сакаат да слабеат, но и за тие што имаат проблеми со варењето.

ФИБРОЛЕБ – кога традицијата и науката ќе се спојат во едно парче здравје.

КАДЕ МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ

Најчесто поставувани прашања