Фибролеб – здрави навики почнуваат со вистински житарки

Category 1

07.08.2025


Секоја промена кон подобро започнува со мал, но значаен чекор. Еден од
наједноставните начини да ја подобриме нашата исхрана е да ги замениме
рафинираните производи со полнозрнести. Токму тука доаѓа Фибролеб – леб од
кисело тесто подготвен со 100% полнозрнести житарки, главно од ‘рж (над 50%) и
пченица, збогатен со природни растителни влакна од псилиум.


Но, зошто се толку важни полнозрнестите житарки?

За разлика од рафинираните, полнозрнестите житарки го задржуваат целото зрно
– лушпата, никулецот и ендоспермот. Во овие делови се наоѓаат влакната,
антиоксидансите, витамините од Б-групата, минералите и здравите масти. Само
кога се присутни сите делови од зрното, телото може да ги искористи целосните
нутритивни вредности што тие ги нудат.

Рафинираните житарки, пак, се сиромашни со хранливи материи и имаат висок
гликемиски индекс. Тоа значи побрзо покачување на шеќерот во крвта и пократко
чувство на ситост.

Фибролебот е создаден токму како одговор на овие предизвици.
Во него нема „бело“ брашно, нема празни калории, нема компромиси. Тој е
подготвен од брашна кои се мелат така што ги задржуваат сите вредни делови на
зрното. Благодарение на киселото тесто, овој леб не само што е полесно сварлив,
туку и полн со вкус.
Дополнителната вредност на Фибролебот е во псилиумот – природен извор на
растителни влакна што помага за варењето, го продолжува чувството на ситост и
го поддржува нормалното ниво на шеќер и холестерол во крвта.

Како да ги вклучиме полнозрнестите житарки секојдневно?


 Почнете од лебот. Изберете леб со целосни житарки, како Фибролеб, што
ќе ве засити и ќе ви даде енергија без нагли падови.
 Избегнувајте „лажно здрави“ избори. Многу лебови се рекламираат како
интегрални, а содржат само мал процент полнозрнести житарки. Читајте ја
декларацијата.
 Сменете го појадокот. Наместо засладени житарки, одберете овес, хељда
или домашен тост со Фибролеб и здрав намаз.
 Ужинкајте паметно. Пуканки без додадена маст или домашни гранола
плочки се одличен избор.
Фибролебот не е само леб – тој е навика, поддршка и здрав избор. Мал, но
моќен чекор кон поздрава исхрана.