Во време кога доминира процесираната храна со многу калории и малку хранливи материи, клучно е да се вратиме кон вистинските извори на енергија – целосните, полнозрнести житарки. Една од нив е ‘ржта, која е основната состојка на ФИБРОЛЕБ – леб направен од 100% полнозрнесто брашно, со над 60% ‘рж.
Еден од највредните ефекти на ‘ржта е нејзината способност да го намали апетитот на природен начин, благодарение на богатата содржина на растителни влакна (фибер).
Што прави фиберот?
Фиберот е вид сложен јаглехидрат кој телото не го вари целосно, но има клучна улога во дигестијата и здравјето. Делува преку два главни механизми:
- Успорување на варењето – со што се одложува апсорпцијата на шеќери и се избегнуваат нагли падови на енергијата кои предизвикуваат глад.
- Врзување на вода во желудникот – создава чувство на ситост и го потиснува апетитот.
Што покажуваат студиите?
Истражувања од Шведска покажуваат дека оброк од 55g полнозрна ‘рж предизвикува 20% помал глад и 28% поголемо чувство на ситост во споредба со иста количина бел леб. Други студии потврдуваат дека полнозрнестата храна, како ‘ржта и овесот, ја намалува потребата за храна во текот на целиот ден.
Зошто е важен ФИБРОЛЕБ?
Повеќето луѓе внесуваат премалку растителни влакна – далеку под препорачаните 30g дневно. Со ФИБРОЛЕБ, лесно добивате природен извор на фибер, без да менувате радикално ништо во вашата исхрана. Само заменете го белиот леб со ФИБРОЛЕБ – и сте направиле голем чекор кон поздрав апетит, подобро варење и контролирана телесна тежина.