
За нас
Во фокусот на сите активности на Д-р Митов и неговиот тим е јавното здравје, со посебен акцент на важноста на превенцијата. Без разлика дали станува збор за јавни настапи во медиумите, едукативни предавања, текстови и видеа на социјалните мрежи, природни суплементи што решаваат конкретни здравствени предизвици, или индивидуална работа со пациенти – мисијата останува иста: создавање на поздрава нација.
Не е тајна дека во нашата традиција лебот е секојдневна храна. Наместо да го гледаме тоа како слабост, одлучивме да го претвориме во предност. Долгогодишното искуство во областа на исхраната ни покажа дека наједноставниот и најефективен начин за подобрување на исхраната кај нас е – промена на лебот. Лебот мора да биде здрава храна.
Мисија
Недостигот на квалитетни, хранливи лебови на пазарот беше нашата мотивација да го создадеме ФИБРОЛЕБ – производ којшто е резултат на вештина, искуство и грижа за јавното здравје. Се надеваме дека ова е само првиот чекор кон поширока понуда на здрава храна, која неоправдано изостанува на полиците на маркетите.
Кога лебот е здрав – и денот е здрав!

КАДЕ МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ


